Шеф Никола и неговата сопруга имаат голема причина за славење – пристигаат честитки од сите страни, тие се пресреќни!
Речиси и да нема човек кој не ги знае и гледа двајцата најпознати готвачи, Шеф Марк и Шеф Никола.
Двајцата со уникатни, брзи и понекогаш необични рецепти знаат како да ја забавуваат публиката која може да го проследи нивното кулинарско шоу секој ден на „Сител ТВ“.
Шеф Мар и Шеф Никола се здобија со голема популарнсот, а освен нивната емисија луѓето се повеќе се интересираат и за нивниот приватен живот.
Шеф Никола не ја крие својата приватност, па затоа денеска сподели дека за него и неговото семејство е посебен ден.
Имено неговата ќерка Дарија слави роденден. Малата убавица полни две години.
Малата Дарија првите честитки за роденден ги доби од вујче и тета, а гордите мама Стефанија и тато Никола ги споделија на својот Инстаграм профил.
Заедно со Стефанија тие имаат две деца, а неодамна се роди и нивната втора ќерка Калиа.
Во интервју за „Слободен печат“, тој кажа како се одлучиле за уште едно дете.
– Никогаш не знаеш каде ќе те однесат животните патишта. Кратко се познававме пред да ни се случи љубовта. Уште од првите мигови кога решивме да преминеме во нешто повеќе од пријатели, знаевме дека можеме да бидеме силна поддршка еден на друг. Нашата приказна е спонтана и брза. За кус временски период заедно поминавме низ многу моменти, патувања, свадбена забава и дете. И благодарение на пандемијата која ни овозможи повеќе време дома со семејството, се решивме и за второ дете, кажа Никола.
Во 2019, на почетокот на месец јули шеф Никола и неговата сопруга Стефанија ставија потпис во матично и официјално нивната љубов ја крунисаа со брак.
Инаку, ова е втор брак за Никола. Тој претходно беше оженет со Маја, со која има син.