Наши ѕвезди

Шенка Колозова СПОКОЈОТ го најде на ова место: Ќерките се нејзината ГОРДОСТ- еве како изгледаат

Advertisement

Не постои некој кој не го памети легендарниот актерски пар Ѓорѓи и Шенка Колозови. Него многумина го нарекуваат последниот цар на Македонија, а неа негова царица.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Сите со нетрпение ги следеа Македонските народни приказни во кои глумеа Шенка и Ѓорѓи.

Advertisement

За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни. На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери. Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Нејзиниот сопруг, Ѓорѓи Колозов си замина од овој свет релативно млад, на само 55 годишна возраст, на 13 октомври во 2003 година.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Пред 4 години Шенка затвори едно поглавје од својот живот – актерството.

Advertisement

Пензинерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово. Таму таа одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, коси трева, сече дрва и ужива во природата.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Ова време на пандемија, Шенка во интервју за „Женски магазин“ откри дека не ѝ донело многу промени.

-Што да кажам јас за пандемијата? Немам право да зборувам за тоа. Јас сум пензионерка, мене вирусот не ми го смени многу животот. Што да кажат оние што одат на работа или уште повеќе оние што ја изгубиле работата? Што да кажат оние кои мора да се прилагодат и да работат од дома? Оние што имаат мали деца и што се загрижени како ќе тече новата учебна година? И како ќе ги прилагодат своите обврски и обврските на децата? – вели Шенка за „Женски магазин“.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

За смртта на сопругот за естрадниот мазин „Бкстеј“ раскажа дека жали што тој не е тука за да се радува на одредени моменти, но и призна дека со текот на времето ѝ е сè потешко:

-Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден-денес ми е тешко што не може да го доживее тоа. Секогаш велат “Леле, ти ..греота…” – не сум јас за греота, јас сум тука и живеам – не сум за жалење, него го нема”, вели актерката.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

И покрај тоа што Ѓорѓи го нема, во нашето сеќавање секогаш ќе останат неговите актерски улоги. Многумина ќе кажат дека повќе никогаш нема дасе роди таков актер кој ќе го доловува така автентично улогите во народните приказни.

-Мене ми е драго што тој и недостасува на Македонија. Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“, вели Шенка.

Круна на љубовта на познатиот актерски пар се нивните ќерки Катерина и Кристина. За жал двете девојки не продолжија по стапките на своите родители. Тие воопшто не се експонираат во јавноста и многу малку се знае за нивниот приватен живот.

ФОТО: Катерина Колозова / Фејсбук
ФОТО: Катерина Колозова / Фејсбук
ФОТО: Катерина Колозова / Фејсбук
ФОТО: Катерина Колозова / Фејсбук
ФОТО: Катерина Колозова / Фејсбук
ФОТО: Кристина Колозова
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button