Реклама
Наши ѕвезди

Шармантната водителка од „Бекстејџ“ која поради љубов замина од МАКЕДОНИЈА денес изгледа поубаво од било кога досега

Реклама

Љубовта ја „натера“ да се отсели од Македонија, а се чини дека и одговара, а водителката изгледа поубаво од кога било.

Едно од заштитните лица на „Бекстејџ“ каде работеше со години пред неколку години реши да се пресели во Словенија, а причина за тоа беше нејзиното момче Михаел.

Маркетинг

Марија Петровска во 2015 реши да се пресели во Словенија и да биде со своето момче, а по објавените фотографии на социјалните мрежи и тоа како и годи.

Водителката изгледа поубава од било кога, а нејзиното лице едноставно блеска.

Маркетинг
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Тетовката Марија Петровска секогаш знае како да изгледа беспрекорно, а во едно интервју за „Женски магазин“ откри дека има еден едноставен и лесен трик.

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Секое утро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Освен што и годи на мојата кожа, ладната вода најбрзо ме расонува. Следи хидратантна крема и дискретна дневна шминка која секогаш започнува со „Artdeco camouflage cream“, а завршува со класичен црн ајлајнер и маскара. Оние кои ме познаваат знаат да кажат дека црниот „ајлајнер“ и високите потпетици се мој заштитен знак.-Посебни препарати за лице и маски не користам, на третман за лице не сум била никогаш … Единствено правило кое го почитувам е тоа, да не легнувам со шминка. Колку и да сум уморна, колку и да е доцна, задолжително го чистам лицето и потоа нанесувам класична Nivea крема.

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Сега, во Словенија работи како асистентка на директорката на Заводот за култура во Марибор – Standupsi.com. Се занимава со организација на стенд ап настапи во Словенија и пошироко.

Марија откри дека по преселувањето лесно го совладала словенечкиот јазик, освен што имала одлична наставничка, многу и помогнал и Михаил.

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Во интервју за „Гламур“ минатата година Марија направи споредба помеѓу Македонија и Словенија.

На прашањето што има во Словенија а нема во Македонија таа прогoвори:

– Во Словенија има ред, еко совест кај граѓаните и многу помало влијание на политиката во секојдневниот живот.

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Од друга страна Македонија има душа, топлина и чувство на национална гордост. Да го објаснам последново: Словенците освојуваат злато на ОИ, ништо. Ние освојуваме четврто или петто место на Европско, цела Македонија излегува на плоштад. Мене искрено тоа ми се допаѓа, ние Македонците знаеме да се радуваме, рече Марија.

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм
ФОТО: Марија Петровска.Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button