Реклама
Вирално

Шoк тврдење на руски експерти – ова е само тест, следува вирус многу ПООПАСЕН од короната, направен од рака на човекот!

Реклама

Пандемијата го тестираше здравствениот систем за евентуална биолошка вojна што би се случила во блиска иднина

Изјавата на познатиот руски хирург Леонир Рошаљ дека пандемијата со вирусот корона е проверка на системот за здравствена заштита во евентуална биолошка вojна, предизвика голема прашина во целиот свет.

Маркетинг

Рошаљ истакна дека светот не е подготвен да се бори бидејќи немал доволно заштитна опрема како ни доволен број медицински персонал.

„Мора да бидеме подготвени да реагираме брзо на ваквите катаcтрофи и теpopистички напади. Системот мора да биде подготвен за вакви ситуации“ – изјави овој руски педијатриски хирург.

Биолошкото вojување подразбира употреба на вируси, микроорганизми и бактериски токсини кои би ја заразиле војската, населението, но и стоката на противникот.

Маркетинг

Како и многу други руски научници, Рошаљ вели дека нема доволно докази дека короната ја направил човек.

– Не сум виролог, па не можам да зборувам за потеклото, но неспорно е дека ковид 19 за сите нас беше тест колку сме подготвени за биолошка вojна. Короната не може да го уништи човештвото, но таа веќе направи огромна штета – рече лекарот.

Рошаљ оцени дека епидемијата е „репитиција на биолошката вojна“, со која се согласи и полковникот на воената медицинска служба, Борис Героков.

„Короната може да биде прототип на биолошко opужје, претходно се сметаше дека може да се користат само смртоносни инфекции, но по короната, тој пристап кон биолошкото вojување може да се промени“ – изјави рускиот офицер.

Героков додаде дека наскоро може да се појави уште еден сличен вирус, кој не мора да однесе многу човечки животи, но може да ги исфрли од функција армијата и економијата.

Раководителот на институтот „Курчатов“ во Москва, Михаил Коваљчук, беше еден од првите што споменуваше дека короната е од лабараторија. Тој го спомена и тестирањето на атомско opужје пред да биде фрлено на Хирошима и Нагасаки.

– Опасноста од биолошко opужје сега е поголема затоа што е можно да се создаде вештачки вирус што би претставувало средство за масовно yништување. Но, оние што би го направиле тоа, мора да бидат свесни дека другите, заради паритет, можат да го направат тоа – рече Коваљчук, но тој не сакаше да спомене ниту една конкретна земја.

Руските експерти се согласуваат со фактот дека нивната земја имала многу среќа што реформаторите на Елцин не успеале да го срушат медицинскиот модел.

Поради тоа, Русија брзо ги активираше лабораториите за дијагностика, а потоа во рекордно време изгради болници опремени со најсовремена метода.

Не опуштајте се премногу!

Коронавирусот се прилагодува на човекот – неговата способност да предизвика болест се намалува, но до сезонски пораст на бројот на заболени веројатно ќе дојде во ноември – декември, изјави пред две недели главниот епидемиолог на Министерството за здравство на Русија Николај Брико.

Кружејќи меѓу населението, вирусот сепак се прилагодува на човекот и ја намалува својата вирулентност.

Најголема опасност претставуваат вирусите кои повторно се појавија. Тие ќе се појавуваат, нема сомнеж. Секоја година гледаме една или две заразни болести, рече Брико на конференција за новинари.

Според неговите зборови, сезонскиот пораст на заболените од ковид-19, судејќи по се’, ќе се случи во периодот ноември – декември, но нема многу да биде изразен.

Водечкиот руски епидемиолог исто така вели дека се уште не е време да се зборува за крај на бранот коронавирус, дека епидемиолошкиот процес се равива но руското министерство е подготвено, поради што може да размислува позитивно за во иднина.

Во врска со тоа, додаде дека може да се очекува сезонски пораст на заболувањата, но не и бран со иста јачина каков што беше.

– Нашето здравство е подготвено, така што оптимистички гледаме во иднината, истакна Брико.

Што се однесува до повторното инфицирање со коронавирусот, според главниот инфектолог на Министерството за здравство на Русија, Владимир Чуланов, во прашање е ретка појава и може да биде поврзано со особините на имунолошкиот систем на конкретниот човек.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button