Цеца воодушевена од штипјанецот, баш него го сакаше во својот тим – „ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е СЛАДОК, КАКО КУКЛА Е!“ (Фото)
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca-8.jpg)
Горан Тонев (21) од Штип во „Ѕвездите на Гранд“ се престави со песни од Здравко Чолиќ и Тоше Проески.
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran1.jpg)
Младиот пејач од Штип успеа да освои четири гласа од стручното и еден од продукциското жири, а неговите родители, кои беа дојдени да му дадат поддршка од бекстејџот, беа пресреќни што нивниот син помина.
Тој доби гласови од Вики, Цеца, Ѓорѓе и Бекута, а во борбата за него останаа само Мили и Цеца.
„Види го колку е сладок. Како кукла е“, изјави Поповиќ по што Цеца викаше: Јас го сакам, веднаш.
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran7.jpg)
И бидејќи Босанац не се огласуваше, Саша Попоовиќ го интересираше дали се е во ред со него.
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran4.jpg)
„Сабајлево ми се јави госпоѓата Фајзер, па нешто раката ме боли“, одговори тој и апелираше до сите да се вакцинираат.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca-8.jpg)
Потоа Поповиќ одлучи Горан да оди во тимот на Цеца, по што младиот натпреварувач беше пресреќен.
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran1.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran6.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran15.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran14.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran13.jpg)
Инаку, покрај штипјанецот Горан, во тимот на Цеца е и убавата дваесетгодишна струмичанка Сања Димова.
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova26.jpg)
Таа е студент на Музичката академија, а кога настапи во една од претходните емисии, ги изненади сите.
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova33.jpg)
Цеца Ражнатовиќ беше воодушевена од настапот на Сања па и порача дека беше одлична, а воодушевени беа и нејзините родители кои беа во бекстејџот.
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova15.jpg)
Нејзини родители се Билјана и Борис Димови кои се познати фолк-пејачи во Македонија.
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova32.jpg)
Тие настапуваат во дует, а јавноста досега имаше можност да ги види на голем број фестивали.
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova21.jpg)
Сања студираше соло пеење на престижна музичка академија во Италија, но заради ситуацијата со пандемијата и коронавирусот, младата пејачка реши да се врати во Македонија и кај нас да продолжи со студиите на Музичката академија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
![](/wp-content/uploads/2021/10/sanjadimova10.jpg)