Познатата фолк пејачка ги полни батериите на Кипар
Цеца замина на заслужен одмор во нејзината вила на Кипар, од каде постојано објавува фотографии. Од нив можеме да видиме како пејачката ужива на ова преубава дестинација покрај морето, овој пат облечена во шарен костим за капење од кој на многумина им застана здивот.
Во прашање е едноделен модел кој е проѕирен во долниот дел, со што ги воодушеви припадниците на посилниот пол.
Инаку, само еден ден претходно, Цеца позираше во минијатурни бикини во впечатлива розова боја со кои во центарот на вниманието го стави своето деколте.
Само да потсетиме, Цеца неодамна доживеа вистинска драма, бидејќи едно лице влегол во дворот на нејзината вила на Кипар, а потоа и во куќата каде што останал да живее неколку дена и имал намера тука да остана со објаснување дека Цеца била негова сопруга.
„Вистина е дека ме прогонуваше болен човек, очекувам од надлежните органи да биде лишен од слобода, бидејќи е опасен. Ги прогонува како мене, така и луѓето од моето опкружување“, вели Цеца.
View this post on Instagram
„Ова не е прв пат да се случува истата работа со истиот човек. Првиот пат кога влезе во мојот имот беше уапсен и депортиран во Србија. Кога втор пат провали, успеаја да го исфрлат, но тој се врати по трет пат. Секој пат тој вика на сиот глас дека Цеца е негова сопруга“, изјави извор упатен во целата ситуација, а пренесе српскиот портал Телеграф.