Целосно сkршена: Тања Савиќ не може да го преболи тоа што не била покрај синот на овој важен момент
Српската пејачка Тања Савиќ со месеци страда поради тоа што е одделена од синовите, а еден момент посебно и падна тешко.
Нејзиниот сопруг Душан децата ги однесе во Австралија, додека таа остана во Србија, поради што замина кај родителите во родното село Радинац.
Во меѓувреме, на нејзиниот помал син Ѓорѓе му беше роденден, тој го прослави во отсуство на мајката, што на Тања и падна многу тешко.
– Тоа е прв роденден на кој не бевме сите заедно. Било да се работи за мој или нивен роденден, секогаш гледавме тој ден да го поминеме заедно, изјави Савиќ, додавајќи дека во текот на сире претходни години ниту една деловна обврска не ја спречувала заедно да бидат за родендените.
– Дури и кога ми се паѓаше дека морам да работaм тие денови, секогаш се трудев и наоѓав начини да ги откажам или поместам настапите.