Целиот Балкан зборува за разводот на познатата Гранд ѕвезда – ги остави сопругата и синот, и тоа сé заради оваа девојка (фото)
Во текот на вчерашниот ден, одекнаа вестите за разводот на познатиот фолк-пејач Амар Гиле Јашарспахиќ, победникот на седмата сезона на популарното шоу за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“.
Јас сум разведен. Не ни одеше во бракот, па одлучивме секој да тргне по својот пат. Ќе ја плаќам алиментација правилно и го користам секој слободен момент кога немам настапи и концерти да го поминам со мојот син – изјави фолкерот за „Блиц“ и ги потврди гласините за разводот.
Ова предизвика шпекулации за тоа дали Наташа Радан, учесничката во реалното шоу „Задруга 3“, има некаква врска со тоа.
Имено, таа дојде во центарот на интересот на јавноста заради приказните дека наводно имала афера со Амар.
„Кога тој е во Белград или некаде настапува, кога можам јас ќе појдам, ќе се видиме и ќе поразговараме, но не сакам да се зборува за него, особено не за интимни односи, затоа што ништо од тоа не се случи. Па дури и ако тоа се случило, јас за тоа не би зборувала“ – истакна таа своевремено на имотот во Шимановци каде што се снима популарното шоу.
Таа во еден момент направи и тест за бременост, што се покажа како негативен. Еве што коментираше Амар за тоа.
„Па, еве, јас ќе и порачам, ако е бремена, нека се породи, не да се чисти, ќе му дадеме убаво име. Не е бремена? Па, штета, ќе беше фино дете, ете, можеби ќе беше пејач. Се сеќавам јас на Наташа од настапите, таа доаѓаше, девојчето е привлечно, да не се лажеме, и убава е, ја забележав, така што и ја паметам, но никогаш немав ништо со неа, ние не сме во никаква врска, сето тоа што го зборува е глупост, нема конекција меѓу нас! Таа девојка тотално ме разочара, мислам, не знам што сака во животот, да стане популарна, можеби, преку мене, преку Шака, за него мислам сè најдобро, тој е мангуп, но таа дефинитивно ме разочара“ – изјави пејачот при крајот на минатата година.
Како изгледа неговата сега веќе поранешна сопруга, ако досега не сте ја виделе, погледнете ја во продолжение.
А ова е Наташа: