Реклама
Наши ѕвезди

Цела Македонија е горда, ова ретко се случува во Гранд: Карлеуша излезе и му пружи рака – „Ти ќе бидеш ѕвезда“

Реклама

Најпопуларнто музичко шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“ е место на кое може да се видат најталентираните музички имиња, за кои Балканот, па и светот допрва ќе слушнат.

ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук

Некои од нив можат слободно да застанат рамо до рамо со светските ѕвезди, поради неверојатните гласовни способности, но и чувството за шоу бизнис.

За многумина ова шоу претставуваше само отскошна штица после која започнаа богата музичка кариера.
Сигурни сме дека токму таков успех го очекува и охриѓанецот Александар Јосифовски, кој со секој свој настап предизвикува бура реакции и кај жирито и кај публиката.

Маркетинг
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук

Освен што одлично изглеа, тој има неверојатен глас.

Тој во првиот круг се претстави во песните „Једина“ од Владо Георгиев и „Угаси ме“ од Парни Ваљак.
Веднаш кога започнаа да пее жирито меѓу себе си коментираше дека тоа има убава боја на гласот и дека потсетува на Владо Георгиев.

Маркетинг
ФОТО: Притскрин

Александар за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид кој му порача на Македонецот дека токму таков кандидат му е потребен.

„Ти ми требаш во овој вид на натпреварување и мора да го оправдаме образот “ истакна Ѓорѓе.
Зад камерите како поддршка постојано се неговата мајка и сопругата. Мора да се признае дека и двете изгледаат неверојатно, но негоата мајка го привлече вниманието дури и на жирито кое ја поика на сцена.

ФОТО: Принткрин

Ѓорѓе Давид дури и ја бакна пред публиката.

ФОТО: Принтскрин

Во една од емисиите тој се најде во дуел со Тарик Јашар од Сараево. Јосифовски се претстави со песните „Обрати пежања“ и „Тешке боје“.

Македонецот ги освои сите пет гласа и помина директно во следниот круг.

ФОТО: Принтскрин

„ Би било неправедно да добиете еднаков број на гласови. Разликата е очигледна и ми е чудно што Тарик има и 4 гласа. Но, изгледаш како да слеговте од некоја убава, детска бајка, на оваа сцена каде сè не е само бајка. Песните ти беа ниски. Кандидат број два, супер, верувам во тоа што го пееш, оди напред“, искоментира Марија.
Карлеуша пак, успеа да ја расплаче дури и неговата тетка со својот коментар.

„Тетке, ти можеш заедно со Александар да си одиш во Македонија, Шведска, Охрид каде и да сакате, што се однесува до мене тој не мора да се натпреварува. Овој дечко треба со закон да се заштити“, изјави Јелена.

ФОТО: Принтскрин

„Ти си толку оригинален Александре, се согласувам дека си за финале“, изјави Вики.

Босанац и Снежена го критикуваа македонскиот кандидат што често поместувал микрофонот додека пеел, а со нив и се сложи неговиот ментор кој откри на што го принудил.

„Овде не можеш тезгарошки. Имаш убав глас, а тоа што го правиш на сцена е ужасно“, го искара Ѓорѓе.

ФОТО: Принтскрин

И тука не запреа пофалбите. Во секоја наредна емисија тој е сѐ подобар и подобар.

„Tи од круг во круг бираш се’ потешки песни. Треба да постои посебен круг во кој ќе се натрпеваруваат кандидатите со најтешки песни.Неприродно е тој да биде во ист ќош како со некој кој пее песничка и ќе помине на среќа. Ова е кандидат кој вечерва звучеше како од албум, како да сме пуштиле ЦД“, истакна Карлеуша.

ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук

На последното издание на емисијата тој беше во дуел со Анастасија Ичурип и се претстаи со песните „Пристао сам бичу све што хочеш“ и „Покрени се“. Доби вкупно пет гласови и помина во бараж.
Но, овој пат доби и критики на кои инаку досега не наишол.

„Беше многу досадно. Никако да заврши. Не знам што се случи, дали тоа е некоја скриена камера? Те познавам како одличен кандидат, а ова е твое просочено појавување“, изјави Драган Стојковиќ Босанац.

ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук

Но, неговата најголема поддршка, пејачката Јелена Карлеуша сепак имаше само комплименти за него.

„Вака треба да се борите во „Ѕвездите на Гранд“. Ќе бидам нефер ако барам ситни грешки како другите во жирито. Ти ќе бидеш голема ѕвезда“, изјави Карлеуша, која беше презадоволна од Александар.

ФОТО: Принтскрин

Дали Александар ќе биде новиот победник на Гранд отаува да видиме, но со сигурност македонската публика ќе продолжи да го бодри и да се гордее со него.

ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук
ФОТО: Александар Јосифовски / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button