Реклама
Вирално

Храброто девојче да го прогласат за национална хероина – апел на ГРАЃАНИТЕ за ученичката што загина во масакрот

Ученичката загина бранејќи ги своите другарчиња...

Реклама

Голема трагедија ја погоди Србија кога 13-годишниот К.К. ладнокрвно уби осум ученици, од кои седум девојчиња, и едно момче.

Покрај учениците, К.К. го уби и стражарот на основното училиште во кое што и тој учеше, а рани седум ученици и учителка по историја.

Трагичниот настан што го потресе целиот регион се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ кога детето-убиец со оружје што припаѓа на неговиот татко, инаку познат српски доктор, ги уби невините жртви.

Маркетинг

Но покрај сета трагедија, овој настан ќе биде запаметен и по херојскиот чин на една од убиените ученички.

Станува збор за ученичката Е.К. од истото одделение во кое што учел и убиецот, која го жртвуваше својот живот за да ги спаси другите.

Маркетинг

Е.К. беше ученичка од седмото одделение во „Владислав Рибникар“ која храбро застана пред убиецот и со зборовите „Зошто го правиш тоа, престани“ за момент го сопрела злосторникот, а со тоа им даде време на другите деца да се спасат.

Како што пренесуваат медиумите, таа воопшто не била на списокот на детето-убиец кој своето злосторство го подготвувал месец дена, но заради својата храброст и пожртвуваност, била убиена.

Таа не беше на списокот на К.К. но благодарение на нејзината храброст седумте момчиња кои биле се спасиле.

Како што раскажува таткото на едно од момчињата што учеле во истото одделение со оваа девојка, таа наместо да избега и да се спаси, решила храбро да му се спротивстави и се обидела да му го одземе пиштолот, по што и таа била ладнокрвно убиена.

По трагедијата, на социјалните мрежи се шири апел во кој луѓето барат оваа млада девојка да се прогласи за национална хероина.

На Фејсбук страницата Мојот град Сремска Митровица се појави порака која е напишана за оваа млада храбра девојка.

„Е.К. да се прогласи за национална хероина. Може и некое училиште да се нарече по нејзиното име“, пишува во објавата.

Како што пишува понатаму во објавата на социјалните мрежи, во моментот кога сите биле исплашени и панично бегале во намера да се спасат, во ова 14-годишно девојче проработеле спартанските гени на нејзините родители, така што таа храбро застанала пред убиецот и се обидела да ги спаси своите сокласници.

Таквиот несебичен чин е израз н ултимативна човечка врлина и вредност. Вечна и слава, пишува во оваа објава.

Инаку, ова храбро девојче е ќерка на легендарниот одбојкар и тренер Драган Кобиљски и неговата сопруга Нина.

Е.К. трагично настрада на 3 мај во крвавиот пир на К.К., а на нејзиниот погреб имаше неколку стотина луѓе, меѓу кои семејството, пријателите, колегите на Кобиљски, учители и другари од училиштето.

На нејзиниот погреб во Белград српскиот епископ Иларион, со солзи на очите, ги изговори следниве зборови:

„Многу ми е тешко да зборувам денес. Од оваа мака и болка, му се молиме на господ да им даде сила на родителите, да го продолжат животот заради Ема. Таа е војник и јунак Христов и не е случајно што најдобрите паѓаат, за да ние би можеле да продолжиме да живееме заради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и за неговата несреќна душа“.

Потсетуваме, малолетниот убиец К.К. претходната среда околу 8.40 часот влезе во училиштето со два пиштоли и го започна својот крвав пир. Најпрво го уби школскиот чувар Драган Влаховиќ, а потоа уби уште осум деца, од кои седум девојчиња и едно момче, а рани шест ученици и учителка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button