Не дека не изгледа убаво, но … малку е необично, нели?

Имено, водителката Лила Филиповска неодамна на снимањето на квизот „Сé или нешто“ се појави во спектакуларен црвен фустан кој никого не остави рамнодушен.
Во прашање е тоалета во страсна црвена боја која во долниот дел изгледа сосема обично – тесно здолниште со должина нешто над колената, но приказната со горниот е фасцинантна и потполно неочекувана. Крајно раскошни и предимензионирани карнери кои го ставија убавото лице на Лила во преден план, така што изгледаше како скулптура поставена на некоја раскошна сталажа во уметничка галерија.

Лила целото издание го заокружи со минималистички додатоци – елегантни сандали со ПВЦ детаљ, злана нараквица и црвен кармин кој е нејзин заштитен знак.

Интересно е тоа што фустан со сличен детаљ, само во долниот дел, неодамна носеше и Карлеуша. Таа на доделувањето на МАК наградите се појави во впечатлива црвена тоалета која и стоеше прекрасно, а која е дело на хрватскиот дизајнер Јурај Зигман кој облекува многу ѕвезди од регионот.

Фустанот што го носи Лила е со потписот на Елена Лука…
Па, која од овие две креации ви се допаѓа повеќе?