Фатиме Фетаи како Мерилин Монро – ќе се изненадите од ова издание на обвинителката!
Фатиме деновиве е во центарот на вниманието поради случајот Рекет, но денес нема да зборуваме за тоа.
Нашата позната специјална обвинителка позираше во издание кое според фризурата и шминката многу потсетува на Мерилин Монро. Имено, Фатиме секако дека има црна коса, но нејзината фризура во комбинација со впечатливиот црвен кармин неодоливо потсетува на филмската дива Мерилин Монро која беше една од најголемите модни икони.
Од карактеристичниот изглед на Мерилин Монро досега се имаат инспирирано многу познати дами, а познато е дека холивудската убавица била мајстор за мејк-ап трикови со кои се служела за да го достигне својот статус на симбол на убавината. Еден од нив е тајната за нејзините светкави капаци. Имено, нејзиниот шминкер Вајти Снајдер за овој трик користел една посебна состојка. Тој ќе нанесел малку вазелин или кокосово масло преку сенката, или би ги измешала со сенката, како би направил очите да и дојдат до израз, а користел и лажни трепки кои уште во периодот на стариот, гламурозен Холивуд беа еден од главните аксесоари на дамите.
Покрај ова нејзиниот шминкер сметал дека добро издефинирани веѓи го менуваат личниот идентитет и Боже, колку тој беше во право за тоа! Нејзините веѓи изгледаат густо и природно, а во комбинација со впечатливиот црвен кармин кој беше нејзиниот заштитен знак, Мерилин во секое нејзино издание изгледаше неодоливо.
Што се однесува до нашата обвинителска „дива“, Фатиме Фетаи, мораме да признаеме дека секоја нејзина фотографија што ќе се појави на социјалните мрежи станува вирална. И тоа токму благодарение на нејзиниот изглед за кој најчесто е „виновна“ феноменалната фризура и шминка.
Тоа се однесува и за ова нејзино шик издание кое неодамна го објави познатата албанска шминкерка Фиторе Б. Бериша, а на која шармантната обвинителка неодоливо потсетува на познатата холивудска дива.
Погледнете уште едно издание која исто така го објави Бериша, а на која Фатиме изгледа неверојатно.
Еве уште неколку ремек-дела на Фиторе.