Фановите му простија, но што ќе каже сопругата- Сашко Коцев ја направи најголемата грешка што може да ја направи еден маж
Уникатен и секогаш знае како да ги насмее сите.
Популарниот актер е доста активен на социјалните мрежи и често знае да ги насмее своите фанови, но и знае да сподели и по некоја емотивна објава.
Шармантниот Сашко Коцев во последните неколку години ја вода „Златната бубамара на популарноста“ која по се се чини дека е еден од настаните кои ќе ги памети цел живот.
Имено токму во ова шоу тој ја побара својата сакана Смиљана за сопруга.
Тој клекна пред неа во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева и ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.
Деновиве Сашко се потсети на тој момент па објави статија од весник и напиша:
„Мојата прва ЗЛАТНА БУБАМАРА, 2006 год.
А, на истиов датум 2012 год земав па се оженив“ напиша Сашко, сепак еден од неговите пријатели ја забележа првичната грешка која Сашко ја направи.
Тој најпрво ја сподели истата објава, но наместо 2012 напиша 2011 година па неговите фанови веднаш забележаа.
„Ама некако за годината не си ми сигурен „гласеше еден од коментарите на кој Сашко веднаш одговори, па се оправда дека било грешка во куцање.
Оваа слатка грешка насмеа многумина, а се надеваме дека неговата преубава сопруга нема да му замери.
Тие во 2012 година направија и свадба, а во 2017 ја добија својата прекрасна ќерка Јоана.
Актерот не ја криеше радоста и кога се оствари во улога на татко, па со неколку блиски пријатели славеше во кафеана до раните утрински часови.
Тие неодамна славеа и 9 годишнина од бракот, па актерот и тогаш се огласи на Фејсбук со фотографија од нивната свадба и напиша:
„Пред 9 години, ова време си ја врзував краватата“, напиша актерот.
Под објавата се нижеа честитки и неколку илјади лајкови, а како и не би кога тие двајцата се совршен пар.
Инаку Сашко зад себе има многу театарски претстави, но и филмови.
Роден во Куманово и е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар и водител.