Уште еднаш не направија горди- еве кои политичари ги бодреа „МАКЕДОНСКИТЕ РИСОВИ“ и што им порачаа
Македонската фудбалска репрезентација вчера доживеа нов успех на кој се радуваше цела Македонија.
По победата над Исланд од 3:1 нашите „фудбалски рисови“ се најдоа во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година.
Иако сè уште не се знае кои ќе бидат наши противници на следните два натпревари на кои ќе треба да издвојуваме победа, сепак „македонските рисови“ покажаа дека за нив ништо не е невозможно и ја донесоа најголемата радост на земјава.
Натпреварот во кој Македонија го победи Исланд се играше на наш терен, односно на Градскиот стадион, а можност да го следат натпреварот имаа многу љубители на фудбалот и трибините беа речиси полни, со оглед на ковид-протоколите.
Меѓу присутните кои натперварот го следеа од трибините беше и претседателот Стево Пендаровски кои ги бодреше македонските фудбалери.
– Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!-напиша Пендаровски.
Освен Пендаровски на трибините беше и лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кој заедно со синот го гледаше натпреварот Македонија-Исланд.
– Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје. Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија! Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Овојпат на трибините немавме можност да го видиме премиерот Заев, но сепак не остана рамнодушен и ја честиташе победата на македонските рисови.
-Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал!
Им честитам на нашите фудбалери кои нè носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост. Горди сме на овој успех!
Одиме понатаму, македонските срца се со вас-напиша Заев.