Реклама
Вирално

Уште еден херој од првите борбени линии: Запознајте го човекот кој секојдневно зема брисеви од сомнителните случаи на коронавирусот

Реклама

Денис Јанкуловски е медицински техничар кој работи во Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје.

 

Маркетинг

Во моментот тој е дел од тимот кој оди на терен и зема брисеви сомнителните случаи на Ковид 19.По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, тој упати честитка до сите преку својот фејсбук статус.

„Си останав медицински техничар или како што секогаш си се зафркавам – јас сум сестра. И воопшто не жалам што немам диплома, тоа што сум, тоа што го работам едноставно го обожавам.

Маркетинг

Независно дали е земање брисеви на Микробиологија, дали е понекогаш дезинфекција или теренски во потрага по короната како дел од Епидемиологија. Впрочем не е ни битно каде и на кој дел. Едноставно – работиш.

ССС IV-ти степен Медицинска сестра – техничар за мене e една од најубавите струки. Дел си од здравствената нега која на луѓето и тоа како им е потребна. Професионално, но сепак си дел од нечиј живот, од твојата совесна, одговорна и секако стручна работа често зависи и понатамошниот дел од нечиј живот.
Секако дека работата на медицнинките сестри е со различна тежина на различни работни места.

На некои места дури и исцрпувачка. Но чувството на излекуван и насмеан пациент секогаш ја потиснува тешкотијата со која моите колеги и колешки се среќаваат. Тоа чувство кое нас не` исполнува, чувство кое ни ги исполнува срцата и душата со пријатна емоција која нема дефиниција, е тоа чувство е бесценето.

Во семејството имам неколку медицински лица. Виновни за мојата определба и љубов кон медицината се моите две братучетки кои ми се повеќе од сестри Vesna Nedelkovska i Elena Nedelkovska, врвни доктори, моја гордост. Гледајќи ги нив и нивната работа бев воодушевен од нивниот начин на функционирање, од нивниот пристап, нивната сигурност и знаев дека мојот правец е натаму. Знаев дека нив како доктори им треба сестра во фамилија ? .

Она за што се определив после основно во далечната 1986, она што го работам е она што го сакам, го работам со голем кеиф и љубов. Верувам дека ако не 100 барем 95% од медицинските сестри исто така работат затоа што не можеш да работиш нешто што е поврзано со човек, со неговото здравје а да не го работиш со вистинска посветеност и чувства. Се гордеам со сите мои колешки, со нивното справување со секојдневните предизвици и чест ми е што сум дел од таа фела“, пишува Јанкуловски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button