Наши ѕвезди

Урбан фраер со софистициран стил – ова е сопругот на министерката Радмила Шекеринска, изгледа како холивудските актери

Advertisement

Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска се труди секогаш својот приватен живот да не го изложува пред очите на јавноста, но понекогаш на социјлните мрежи знае да сподели и по некоја семејна фотогафија.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук

Од 1993 година Шекеринска е избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати.

Advertisement

Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

На панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан во рамки на „Преспа форум дијалог“ зборуваше за жените политичарки и гордо истакна што таа постигнала во политиката и дека може да стои рамо до рамо до мажите политичари.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук

Таа посочи дека сега, три или четири години подоцна, дури и оние, како што рече, т.н. „мачо-мажи“ не само во војската, туку и во општеството, мора да признаат дека жена во Министерството за одбрана ја понесе земјата кон НАТО и го помина прагот на Алијансата.

Advertisement

„Жена успеа после подолг период да го зголеми одбранбениот буџет, да ги зголеми платите, да ја подобри транспарентноста, да ги зголеми пензиите, да го подобри квалитетот на работа и живот во Армијата, истовремено не занемарувајќи го прашањето на родовата рамноправност, во ниту еден момент“, рече Шекеринска.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук

Министерката долги години е во брак со Божидар Јанковски со кој ја имаат и ќерката Ада.

Божидар е урбан скопски лик, низ градот познат кко Бобо Дајнерс кој отсекогаш важел за еден од најпосакуваните мажи во земјава.

ФОТО: Принтскрин

Мора да се признае дека е еден од ретките, добро стилизирани мажи и секаде каде што ќе се појави привлекува внимание.

Бобо и Радмила се трудат да го сочуваат својот семеен мир и хармонија далеку од очите на граѓаните.

Секој слободен момент го користат да го поминат со ќеркичката Ада, а најголем спокој имаат во нивната викендичка во Маврово.

ФОТО: Фејсбук

Министерката сподели фотографија со својата ќерка и сопругот на која утрински уживаат во бурек во блиската пекара.

„За еден толку убав ден! Сонце, мирно маало и топол бурек“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук

Во една емисија на која гостуваше Бобо, министерката одлучи да му приреди изненадувае заедно со својата ќеркичка.

Во емисијата пристигна цртеж направен од малата Ада и Радмила, на кој Бобо е опишан како најдобар татко, кој им помага на другите луѓе и свири гитара.

ФОТО: Принтскрин

Бизнисменот беше доста изенаден и воодушевен од ваквиот гест.

На профилот на министерката се најде и уште една фотографија направена со „весело друштво“. На неа таа позира со сопругот, нивната ќерка и уште две дечиња.

„Дома си е дома особено со весело друштво,“ напиша таа на фотографијата која ја објави на нејзиниот фејсбук-профил.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук

Инаку, Шекериска во едно свое интервју кажа дека не е од оние мајки кои ги планираат животот и иднината на своите деца.

Вели дека Ада е весело, позитивно, на моменти срамежливо дете. Точно знае кога некому му треба топла прегратка или убав збор.

ФОТО: Радмила Шекеринска со својот татко / Фејсбук

Најмногу уживаат во моментите поминати заедно. Како и сите други семејства и тие знаат заеднички да приготват по некое јадење дома, а Ада најмногу сака да пече палачинки со својата мајка и да прави леб и пица со својот татко.

ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук
ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејбук
ФОТО: Божидар Јанковски / Фејсбук
ФОТО: Бодижар Јанковски / Фејсбук
ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук
ФОТО: Принтскрин
ФОТОѐ. Принтксирн
ФОТО: Радмила Шекеринска / Фејсбук
ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button