Ула од „Преспав“ за малку ќе направеше ckaндал среде емисија со оваа позната пејачка

Нашата позната и популарна пејачка Тијана Дапчевиќ која е добро позната во Македонија, но и во Србија откри како избегнала непријатна ситуација со нејзината колешка.
Пријателството помеѓу нив две трае со години, а Тијана била и предупредена за тоа колку нејзината колешка Мира Шкориќ може да биде непријатна ако и постави некој некакво незгодно прашање.
Тијана при гостување во „Ѕвезде Гранд Специјал“ рече дека нивното пријателство трае веќе две децении, а започнало на сосема необичен начин, преку работата.
– Мира гостуваше во една телевизија каде што јас водев емисија, тука во Србија. И тогаш организаторката ми кажува дека Мира знае да биде непријатна ако некој и постави незгодно прашање – рече Тијана во емисијата.
Тоа се случило некаде во 2000-та, а Тијана вели дека оттогаш тие две се засакале на прв поглед.
– Таа издаде албум или сингл, не се сеќавам, наречен „И двајцата ќе ги лежам“, а Мира доаѓа во шоуто, а јас не сум ниту пет, ни шест „Кога планираш мацо да одлежиш во следните седум дена „? Таа се збуни, па се сети на песната и ми рече: „Ама си опасна Македонка“ – откри Тијана.
За Мира Шкориќ важи дека е „опасна“ жена, па многумина се претпазливи со неа, а истото го откри и самата таа во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а тогаш со неа се согласи и Тијана која гостуваше заедно со Мира во истото шоу.
Мира наведе дека посилниот пол не и се додворува, па наведе и зошто е тоа така. Тијана Дапчевиќ се сложи со нејзината изјава и кажа дека и таа се пронашла во нејзините зборови.
– Јас сум жена во сериозни години, идна пензионерка, вели Мира, а Тијана ја негираше во ова.
Шкориќ им порача на српските медиуми дека тие се виновни што и направиле имиџ на опасна жена, па поради тоа никој не и се приближува.
– Вие ме нарековте Мира со четирите пиштоли, па мажите немаат храброст. Јас користам раце и нозе, рече тогаш Мира низ смеа.
Фолк пејачката Мира Шкориќ е горда мајка на ќерката Милица Јеремиќ која ја доби во бракот со хирург, додека пак Тијата е мајка на едно дете, нејзиниот син Вук, кој неодамна наполни 12 години.

По тој повод гордата мајка сподели емотивна објава на Инстаграм и неколку фотографии.

„Најмил на мајка. Среќен 12 – ти роденден, да си жив, среќен и паметен, тато и мама те сакаат до небото и ѕвездите, и до зад аголот на универзумот“ – стоеше во описот на објавата.




