Убавата Шпанка со македонско потекло ќе заплачеше пред скопјани – не ѝ се веруваше што ѝ се случува!
Овој настап беше посебен за неа

Пејачката Маика Маковски направи луда атмосфера на својот прв настап во Македонија и како што самата истакна неколку пати, нејзините емоции бе преголеми, така што одвај се воздржа да не пушти солзи.
Имено, Маика беше пресреќна што настапува пред скопската публика заедно со својот бенд со кој никого не оставија рамнодушен.
Маика е родена во 1983 година и израсната во Палма Де Мајорка. Таа е ќерка на македонскиот интернационален мултиталентиран инструменталист Вангел Мачковски, кој е роден во битолското село Буково, а нејзината мајка по потекло е од Андалузија.
Со музика започнува да се занимава од 12 годишна возраст и свири на повеќе инструменти, што го покажа и на сцената.
Облечена во тесни црвени панталони и бела маичка оваа прекрасна дама цело време ги менуваше инструментите, а со својот глас и брзиот ритам на песните направи атмосфера што скопјани долго време ќе ја паметат. И тоа посебно што станува збор за извонредна пејачка со светска кариера, а која не само што си го цени потеклото, туку и го истакнува на секој начин, тргнувајќи од своето презиме кое го добила од својот татко кој после една интернационална турнеја својата вистинска љубов ја пронашол во очите на една прекрасна Андалузијка и решил да остане и во таа земја да оформи семејство.
„Погледнете каков резултат излегува кога ќе се спои шпанска и македонска крв“, рече во шега Маика на концертот покажувајќи кон себе.
Инаку, Маика Маковски, водена од своите внатрешни пориви, во 2016 година ја создава песната „Македонија“, како дел од нејзиниот извонреден седми албум „Chinook wind “.
Како звучи оваа песна, но и како изгледаше оваа жена со неверојатна харизма и енергија на сцената, погледнете во продолжение…