Убав повод за славење во семејството на Пандев- Горан објави преслатка фотографија
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец имаше причина за славење.
Откако играше и постигна гол на Европското првенство, капитенот на македонската фудбалска репрезентација реши да се збогува од националниот дрес.
Немаше Македонец кој со насолзени очи не го гледаше збогувањето на капитенот.
Целата публика и играчите на терен запреа за момент за да му оддадат почит на големиот Пандев кој во 68-та минута од натпреварот со Холандија, го напушти теренот.
Тој го има носено дресот на вкупно 8 фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова и по долги години игра за најдобрите италијански клубови, на 25 февруари 2019, на Пандев конечно му е издадено италијанско државјанство.
Инаку, популарниот фудбалер Горан Пандев ретко објавува фотографии од семејството на социјалните мрежи, но секако дека постојат и исклучоци од кои можеме да видиме како изгледаат веселите семејни моменти на македонската фудбалска легенда. Тој од 2009 година е во брак со прекрасната Надица Хаџи-Скерлева, која исто така е родум од Струмица и со која има три дечиња – синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија.
Овојпат тој неговата ќерка Ана славеше роденден и ги дувна роденденските свеќички во домашна атмосфера.
„Среќен роденден, принцезо моја“, напиша поранешниот капитен, а роденденот на постарата ќерка ѝ го честитаа повеќето соиграчи на Пандев.
Пандев е резервиран со објавите на социјалните мрежи, но знае да сподели фотографии од своите деца во посебни моменти.
Тој освен роденденот на својата ќерка им честиташе и на неговите колеги на победата.
Пандев објави фотографија од македонските фудбалери па напиша“ секоја чест херои“.