УАПСЕН популарниот Хасбула – ова е причината
Ѕвездата на социјалните мрежи упати извинување откако тој и неколку негови пријатели биле запрени од полициски службеници поради опасно возење во неговиот роден град.
Популарниот руски инфлуенсер бил снимен минатиот викенд на улиците на Махачкала како ужива во диво возење за време на свадбена прослава.
Иако Хасбула не бил тој што возел, тој бил виден во еден од автомобилите што го блокирале сообрааќајот и дивееле.
Министерството за внатрешни работи на Дагестан вчера објави видео од прекршителите, вклучително и со Хасбула висок 3 стапки, наредени во локалната полициска станица.
Хасбула подоцна се огласи на социјалните мрежи и го призна инцидентот, но нагласи дека тој не возел ниту еден од автомобилите.
„Решивме малку да се засилиме…ова нема да се повтори, се извинуваме. Поигравме малку и моравме да одговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа не беше мој автомобил и не бев зад воланот“.
Хасбула кој инаку има 20 години ја започна својата кариера во 2020 годна откако почна да споделува видеа од себеси.
Тој страда од недостаток на хормон за раст или „џуџестизам“ – генетско пореметување кое се јавува кога нема доволно количество на хормон за раст во телото – и е висок самo 90 сантиметри.
Хасбула има повеќе од 9 милиони следбеници на Инстаграм и е вистинска интернет сензација.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин