Актерката Ребел Вилсон одлучи своето тело да го доведе до совршенство.
Нејзиниот тренер вели дека добро напредува досега и дека е редовен тренер на кој дава се од себе.Актерката цел живот се бори со тежината, а сега одлучи да стави крај.
Таа успеа за кратко време да изгуби 10 килограми. Нејзините следбеници на Инстаграм ја преплавија со позитивни коментари и ја мотивираа да продолжи понатаму.
Самата актерка вели дека никогаш не се чувствувала подобро. Таа се одлучи за природно слабеење. Килограмите исчезнуваат благодарение на напорните вежби, а на тренинг оди 6 пати неделно.
Во едно интервју Ребел Вилсон , вели дека во Холивуд, не чувствува никаков притисок дека треба да изгледа совршено. И секогаш се обидува да го употреби мозокот за да добие улоги. „Има многу гламурозни луѓе со кои не сакам да се натпреварувам…тука дури и мажите одат на ласерски третмани“, додава актерката.