Трaгeдиja во семејството на славниот Џон Леџенд – болка која не се опишува

Голема тага во семејството на славниот пејач.
Познатата манекенка, водителка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, 34-годишната Криси Тајген ги загрижи обожавателите откако пред неколку дена беше итно пренесена во болница поради обилно к рварење кое не престанало.
Имено, сега по пат на Инстаграм во длабока болка им објавила на обожавателите дека го изг убила третото дете кое беше на пат.
Криси требала да роди братче на своите две деца, двегодишната Мајлс и четиригодишната Луна.
Но, по бројните компликации, поради кои веќе е неколку дена во болница, објавила црно-бела фотографија и под неа напишала дека нема да го роди третото дете.
– Во голем шок сме и во длабока болка. Ваква болка никогаш до сега не сме почуствувале, напишала ожалостената мајка под фотогафијата и додала:
– Наш Џек – толку ми е жал што беше толку комплицирано што не можевме да ти го дадеме потребниот дом за преживување. Секогаш ќе те сакаме, стои во објавата.
За потсетување, пред неколку дена сопругата на познатиот пејач се пожалила на силни бо лки што морале да ја одведат во болница, па така предвреме се породила, но за жал не успеа да го донесе на свет машкото дете.
Инаку манекенката и пејачот важат за едно од најхармоничните семејства во светот на славните, погледнете колку прекрасни родители се тие:
Нивната семејна среќа не ја кријат од очите на јавноста, па така тие постојано објавуваат фотографии на својот Инстаграм профил од нивното секојдневие.
Погледнете: