Наши ѕвезди

Тој и беше голема ЉУБОВ – Милица брутално искрена за актерот Петар – дали се уште пејачката не може да го заборави актерот?

Advertisement

Популарната српската пејачка за прв пат брутално искрена пред јавноста.

Advertisement

Милица Тодоровиќ во последно време минува низ бурен период од животот.

Таа ја заврши врската со актерот Пeтар Стругар, изгуби десет килограми, го надмина вирусот корона, тежок период за пејачката.

Милица сега изјави дека започнува ново поглавје во својот живот, а тоа го најави со нејзината нова песна „Уно бесо“ а како што откри во едно интервју, таа сонува за некои големи, поубави нешта.

Advertisement

Пејачката која сега е на прагот од четвртата деценија открива дека никогаш не се чувствувала подобро.

Таа откри дека како никогаш до сега се чувствува зрело и подготвена е за сите предизвици кои ги носи иднината.

-Се чувствувам како да имам 19 години. Важно е како човек се чувствува внатре, како се чувствува психички и духовно, дали успеал да најде мир, каков е со себе и како се гледа себеси кога ќе се погледне во огледало.

По мене се гледа како се чувствувам и јас се чувствувам одлично. Немам чувство дека стареам – открива таа за “Gloriu”.

Пејачката откри една тајна, со која изненади многумина, а тоа е дека би сакала да се реализира во улога на мајка.

– Би сакала да се реализирам како мајка. Мислам дека тоа треба да биде следниот чекор, на долг рок.

Имам мајчински инстинкт – вели Милица и открива каков партнер би требало да биде покрај неа доколку се реши на таков чекор.

– Мора да биде остварен енергетски силно, да ја прати мојата енергија, да биде моја поддршка во работата и за се што ми треба.

Сепак, Милица Тодоровиќ откри дека по раскинувањето, за сега сè уште не е подготвена да започне нова врска.

– Сè уште не сум подготвена за нова љубов. Се надевам дека ќе се случи, открива пејачката.

Таа рече дека за неа е завршена врската со актерот и дека сето тоа треба да остане во минатото, но потенцираше дека ќе ги помни убавите работи од нивната врска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button