Тој е „сенка“, но и најдобар другар на нашата најпозната водителка – фотографии од нивната младост, нема да ги препознаете!
Спасе Јовановски многумина го знаат од ТВ екраните како презентер на временската прогноза на „Сител“.
Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.
Како вистински професионалец Лила никаде не оди сама, со неа секогаш се верините соработници кои се како нејзино семејство, а тоа најчесто е нејзиниот соработник и верен пријател Спасе Јовановски.
Тој често знае да се пошегува со Лила, но знае да се шегува и на своја сметка.
„Дои да ти бидам дечко! Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“напиша Спасе.
Тој често патува заедно со Лила, а летово тие заминаа за Турција, односно Бодрум. Трет одмор по ред годинава … Нека се множат! По друм, по друм, одиме во БОДРУМ!“, порача тој на Фејсбук.
Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм профил.
Каде и да одат двајцата лудо се забавуваат и секогаш знаат како да ги споделат своите искуства од патувањата со своите фанови на Инстаграм, па така и овој одмор.
Освен „сторињата“ и фотографиите на Лила и Спасе покажа како ужива во турското летувалиште, во базен, со поглед на море.
Двајцата се пријатели долги години, а еве неколку заеднички фотографии кои го докажуваат тоа.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска