Реклама
Наши ѕвездиХоливуд

Том Круз во карантин поради коронавирусот: Запрено снимањето на филмот, целата екипа ставена во изолација

Реклама

Холивудскиот актер Том Круз (57) и екипата на филмот „Невозможна мисија“ кој се снима во Венеција, се сместени во карантин поради корона вирусот кој се шири низ Италија, пренесува Ерусалим Пост, повикувајќи се на изјава на британскиот актер Сајмон Пег.

Се наведува дека Том Круз допатувал во Венеција на 20 февруари поради снимањето на седмото продолжение на „Невозможна мисија“.

Поради епидемијата од коронавирус која се шири низ Италија, целата екипа на филмот е сместена во изолација во раскошниот хотел „Грити палас“.

Маркетинг

Се истакнува дека никој од филмската екипа не заболел од коронавирусот, а ќе се наоѓаат таму до 2. март.

Маркетинг

Интерсно е дека снимањето на филмот беше откажано уште додека Том Круз не преистигна во Италија, па сега се поставува прашањето дали и токму тој е во изолација во луксузниот хотел.

Филмот требаше да се снима во Венеција три недели, но проектот е запрен поради забрзаното ширење на болеста.

Според последните информации, во Италија од коронавирусот заболени се 1.128 луѓе, а досега починале 29.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button