Тешки удари во животот на Ацо Пејовиќ: Ја пoгpeбa неговата мајка, а потоа го изгуби својот другар од корона

Тажни периоди во животот.
Славниот пејач Ацо Пејовиќ вчера во една позната српска емисија раскажа што се му се случило во неговиот живот и кариерата.
За губитокот на својата мајка и пријателот
– Ја изгубив мајка ми, го изгубив другарот и менаџерот со кого бев 15 години.
Тоа се работи кои на човек му се случуваат неочекувано. Мајка ми за пет дена замина, не знаејќи ни што ни како.
На нејзиниот пог реб тој истиот човек кој ми изрази сочуство и беше покрај мене, за месец дена замина од Ковид 19, но мојата мајка не по чина од корона.
Сериозни се тие удари, навистина бев скршен. Ние добиваме со раѓањето крст кои го носиме. Судбина мислам дека не постои, многупати сум размислувал за тоа, рекол Ацо.
За селењето во Белград
– Стиснав заби, работев секој ден, јас секогаш ќе кажам, кога се трудиш и се бориш за семејството, мора да ти се врати.
А сега дали се покајав, не сум, во Белград сум многу години, тука живеам, тука ми се децата, овде ми е навистина сјајно, имам многу пријатели, луѓе од мојот град, друштво кое се пресели.
На моите тешко им падна, на никого кој има деца нема да му биде лесно да замине од куќата.
Тоа што мене ме научиле, тоа е она што го правам денес, како се однесувам. Така и моите деца денеска ги воспитувам. Јас на моите деца им велам чувајте го мојот образ и вашиот.
Јас кога ќе излезам во кафана, важно ми е да имам доволно со пријателите да преноќам, се останатото ми е се помалку важно.
За семејството
– Сопругата е столб на се, мојата куќа, јас не се срамам да кажам дека таа е домаќинот на куќата зошто таа води сметка за се.
Што вели мојот кум „Таа е жена човеку“, некој кој има машка сила и женски памет која во секој момент за семејството е подготвена да гризе.
Ние целосно се разбираме и знаеме што сакаме од животот и во тој правец одиме. Никогаш не дошло до расправии, но има периоди кога не збориме неколку дена, открил пејачот.
За кафеаните
– Никогаш не се занимавав со „ топки“, тренирав кошарка, карате, три четири појаса имав.
Најмногу ме чини кафаната, останувањето,не што јас пееам, туку и сакам да заседнам.
И тоа е она што ме чини, па некогаш обврските ги одложувам за следниот ден, но јас во кафеана останувам до 12.
Јас тврдам дека сакам кафеана, да немам семејство, јас не би излегол од кафеана, искрено одговорил Ацо Пејовиќ.