Тамара Тодевска покажа од кого ја наследила убавината- па откри и на кого личи Хана
Популарната поп пејачка покажа од кого ја наследила својата убавина.
Ведра и секогаш насмеана Тамара Тодевска зрачи со природна убавина, а сега гордо ја покажа својата мајка Брана и покажа од кого ја наследила убавината.
Тамара направи селфи во огледало во лифт додека нејзината мајка си ја местеше косата, а Тамара слатко се смешкаше.
Освен што Тамара ја наследила убавината од нејзината мајка, таа во една прилика покажа дека и Хана многу личи на својата баба.
„Еве на кого личи Хана“ – напиша тогаш Тамара под фотографиите од слаткото девојче со баба ѝ.
Инаку родителите на Тамара се разведени, а таа и нејзината сестра Тијана искрено зборуваа за разводот за српскиот магазин „Стори“.
„Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки, а целата приказна ја има во печатеното издание на магазинот.
Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, а со нејзиниот татко Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата.
Ова е видливо на сите нивни семејни прослави и настани каде што се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото.
Инаку Тамара неодамна имаше концерт во Охрид и ги наполни социјалните мрежи со видеа, фотографии и натписи за извонредниот настап.
Тамара просто „растури“ и покажа дека навистина созреала и како жена и како пејачка, но очигледно беше дека Тамара изгледа позгодна од било кога.
Имено таа во последно време напорно вежба, а резултатите се очигледни.