Тамара имаше убав повод за славење- на Хана и приреди роденденска забава како од бајките, сон за секое мало девојче

Нашата популарна пејачка славеше роденден на својата ќерка па направи мала забава.

Тамара Тодевска со најблиските пријатели направи роденденска забава за Хана, а таа пресреќна и насмеана позираше пред објективот додека мама ја слика.
Хана наполни пет години, а како и секое девојче на нејзина возраст тортата беше во форма на еднорог, а таа облечена во фустанче со тул.
Покрај Хана мама Тамара блеска од среќа, а тато Александар – Мачка беше задолжен за малиот и пресладок Дарин.

Пејачката Тамара Тодевска го користи секој слободен момент за да на своите со своите наследници помине прекрасни заеднички моменти.

Тамара е активна на социјалните мрежи, па често споделува фотографии, но и видеа од децата кои се преслатки, а особено Хана на која Тамара неодамна и отвори и нејзин профил „Дневнадозахана“.
Под фотографиите Хана постојано добива комплименти за тоа колку е паметна и слатка.
Нејзините фотографии веќе бројат илјадници лајкови, а има и неколку преслатки видеа за Тик-Ток.


Огромна популарност и бура реакции Тамара стекна со настапот на Евровизија во 2019 година со песната „Proud“ (Горда) и го освои седмото место, а по фестивалот се здоби со голема популарност во целиот регион.

„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, напиша тогаш Тамара на Твитер на крајот од гласањето.
Во интервју и за српскиот портал „Новости.рс“ зборуваше искрено за тешките моменти.
„Навистина мислам дека солзите се лек за сè. Најголемиот дел од времето се трудиме да бидеме силни, но мислам дека нашата сила лежи во тоа да ја покажеме слабоста, и да уживаме, како во позитивните, така и во нештата кои не прават тажни дури можеби и во оние кои не повpeдуваат.
Ова најверојатно звучи лyдo, но кога ќе се свртам назад на својот живот, токму тешките моменти, во кои сум била повpeдена и поради кои сум плачела на крај ме направиле посилна личност каква што сум денес. Без солзите никогаш не можеме да ја почувствуваме силата на среќата“, изјави Тамара.
„Proud“ е песна на мојот живот и секој ден ја живеам нејзината порака“, рече Тамара за крај.




