Реклама
Наши ѕвезди

Тажна и емотивна порака на Северина за нејзината мајка: „Можеше и да пoчинe заради мене“

Реклама

Потресна приказна на познатата пејачка

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Северина Којиќ која неодамна го изгуби старателството над свој0т син Александар, кое му беше дадено на нејзиниот поранешен сопруг, раскажа како нејзината мајка ја родила со царски рез месец дена пред терминот.

„Мојата мајка ме роди со царски рез и не можеше да ме земе во рацете пет месеци бидејќи беше во кома. Тоа беше нејзин трет царски рез и таа 1972 година мајка ми не се разбуди пет месеци. Ме роди во осми месец од бременоста, имав само два килограми. Докторот беше прекрасен чоек и ме остави да бидам со неа во собата, за целото тоа време. Тој не дозволуваше да ме однесат од неа, постојано велејќи дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме ставаше во нејзиното крило додека таа спиеше“, раскажува Северина.

Маркетинг

Таа додаде и дека нејзината мајка Ана секогаш знаеле кога и е потребна, па така и тој викенд знаела дека нејзината ќерка е во тешка состојба и веднаш дошла од Сплит во Загреб за да биде покрај неа во тие тешки моменти.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Таа заклучи дека дури сега, кога и самата е мајка, разбира како нејзината мајка секогаш знаела што и треба.

Маркетинг

Познатата хрватска пејачка оваа емотивна порака ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, кога покрај фотографијата на која е со својата мајка го напиша и следниот коментар.

„Беше пет месеци во кома откако ме породи, но преживеа и веднаш ме научи дека може и да го изгуби животот заради мене, како и за својот син, но дека ќе биде посреќна, многу посреќна ако живее за нас. Мамо ти благодарам за сé“, напиша Северина на својот профил на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button