Холивудската актерка Камерон Дијаз (47) годинава стана мајка за прв пат и на свет ја донесе својата ќерка.
Откако се породи, Камерон се посвети на семејството, па тешко може да се види актерката во јавност.
Папараците ја фотографираа кратко време по породувањето, се чини дека обврските околу детето се одразиле на изгледот на актерката, која решила да го чува без помош на дадилка.
Камерон неодамна беше фотографирана на шопинг, а фотографиите ги изненадија нејзините фанови.Препознатливата насмевка и младешкиот изглед на лицето на актерката беа заменети со замор, исцрпеност и несоница. Забележително е и дека Камерон изгуби тежина во споредба со фотографиите направени пред помалку од еден месец.
Фановите се загрижени за изгледот на актерката, а некои коментираа дека актерката старее.
Фото: Твитер