Новости

Судот одлучи: Маж ќе ѝ плати на сопругата над 200.000 евра што 25 години била домаќинка

Advertisement

Шпанскиот суд нареди бизнисмен да ѝ плати на поранешната сопруга 180.000 фунти за 25 години неплатена домашна работа, врз основа на минималната плата во текот на нивниот брак.

ФОТО: Принтскрин

На сопругот на жената Ивана Морал му беше наложено да ѝ плати 204.624,86 евра – нешто повеќе од 182.000 фунти – во рекордниот договор за развод кој беше објавен денеска.

Судијката Лаура Руиз Аламинос, која седеше на судот во Велез-Малага во јужна Шпанија, ја пресмета бројката врз основа на годишната минимална плата во текот на бракот на парот.

Advertisement

Разделената двојка има две ќерки, а во пресудата се наведува дека Ивана речиси цело време го поминала грижејќи се за нивното семејство и работејќи како домаќинка за време на нивниот брак.

ФОТО: Принтскрин

Сопругот на Ивана, исто така, мора да ѝ плаќа пензија која е еквивалентна на 444 фунти месечно, како и 356 фунти и 533 фунти на неговите две ќерки, кои сега имаат 20 и 14 години.

Мајката на две деца, со својот сега веќе поранешен сопруг стапила во брак во 1995 година, пред да побара развод во 2020 година, рекла дека е задоволна од исплатата по години напорна работа.

Advertisement

„Јасно е дека ова беше случај на злоупотреба за да бидам целосно исклучена финансиски (од мојот поранешен сопруг), за да останам без ништо по завршувањето на мојот брак, така што јас и моите ќерки останавме без ништо по сите овие години вложување сето мое време, енергија и љубов во семејството“, рекла таа.

„Го поддржував мојот сопруг во работата и во семејството како мајка и татко. Никогаш не ми беше дозволен пристап до неговите финансии, се беше во негово име“.

ФОТО: Принтскрин

Ивана вели дека проговорила за нејзиниот случај бидејќи сака жените да знаат на што имаат право.

Правните документи покажале колкава сума на пари таа би заработила за време на годините додека биле во брак, доколку земала минимална плата.

Зборувајќи за радиото „Кадена Сер“, Ивана рекла дека нејзиниот сопруг „не сакал таа да работи“ надвор од домот.

Ја пуштал да работи само во спортските сали што ги поседувал, каде што таа се занимавала со „односи со јавност“.

„Се посветив исклучиво на домашните работи, грижејќи се за мојот сопруг и куќата“, рече таа.

„Ме натера да ја преземам улогата на домаќинка, до тој степен да не можам да направам ништо друго“.

Ивана вели ека е среќна со казната што ја добила нејзиниот сопруг и смета дека е заслужена.

Поранешниот сопруг на ѓа Морал, кој сакал само да ги подели нивниот дом и имот по разводот, се очекува да поднесе жалба на одлуката.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button