Србите ги блокираа улиците поради превисоките цени на горивата – Македонци, дали и ние сме спремни да го направиме ова?
Во Србија протести поради скапите горива …
Возачите во Белград, Нови Сад, Ниш, Панчево и во уште неколку српски градови околу 17 часот ги сопреа автомобилите во знак на протест против високите цена на горивата. Во Белград поради застојот дојде до голема гужва речиси на сите патишта и мостови. Протестот се случи така што на социјалните мрежи се прошири објава за едночасовно стопирање на автомобилите, а од одредени партии и порачаа на владата на Србија дека финансиската стабилност не може да се спроведува само така што ќе се стави раката во џебот на и онака сиромашните граѓани. Горивото во Србија е за околу дваесет центи повисока отколку во повеќето земји настанати со распадот на Југославија, а цената е висока затоа што за еден литар гориво 55.2 % владата зема за себе.
Инаку, што се однесува до Македонија, од 1 јануари годинава зголемена е акцизата за дизел горивото за 3 денари, а со додаден ДДВ за 3.5 денари по литар, што треба да донесе околу 30 милиони евра во буџетот.
Доколку не постојат акцизите и разно разни давачки и даноци, граѓаните во Македонија за еден литар гориво би требало да плаќаат некаде околу 39 денари, за разлика од цената на бензинските пумпи. Поради овие случувања сакаме да го слушнеме вашето мислење дали и нашите возачи треба да ги изгаснат автомобилите, ако ништо друго барем на десет минути и само како опомена за политичарите и одговорните повторно да не посегнат да го полнат празниот буџет врз грбот на и онака сиромашните граѓани?
Па, дали би протестирале против цената на горивата?