Снаата на Брена имуна е од корона: Не се штитам од вирусот – мене нема да ме фати!

Снаата на Брена имуна на корона вирусот.
Атрактивната пејачка Александра Пријовиќ отворено зборуваше за корона вирусот и за односот со Анастасија Ражњатовиќ бидејќи подолго време се шпекулирало дека некое време не биле во добри односи, дури и дека се скарале.
Таа вели дека не се плаши од короната бидејќи била во контакт со неколку луѓе кои веќе биле заразени, а таа не се заразила.
– Искрена да бидам, не се штитам. Сфатив дека мене тоа нема да ме фати. Се шегувам…
Бев во многу ситуации каде луѓето беа заразени, а они нормлано не го знаеа, јас не се разболев. Ако е судено,ете… Изгледа дека мојот имунитет е одличен, констатирала Александра.
Откако се шпекулирало во медиумите дека се смириле Алексадра и Анастасија, не може а да не се постави прашањето, во каков однос се денеска двете пејачки.
Иако Анастасија неодамна зборуваше дека краток временски период била во лоши односи со Пријовиќ, таа сега кажала друга приказна.
– Ние две не се ни скаравме, ниту сме имале некаков проблем, истакнала таа за Блиц.рс и открила дали би и пеела на свадба:
– Да, зашто да не!
За потсетување, Пријовиќ неодамна рекла дека некој „трет“ е виновен за тоа што тие две немале добар однос.
– Да не навлегувам во приказната бидејќи би ми требало половина час, ние се дружевме некое време, но некои луе имаа нешто од тоа па имаше мало недоразбирање, а кога ние две седнавме и поразговаравме, сфативме дека немаме никаков проблем, открила Александра.
Инаку, Александра Пријовиќ како и сите нејзини колешки поради пандемијата не можат да имаат настапи ниту концерти, па вонредната состојба ја користи да ужива со своето семејство.
Александра Пријовиќ често знае на својот Инстаграм профил да објави фотографии од своето синче и од сопругот Филип Живоиновиќ.
Во продолжение погледнете како ужива Пријовиќ во улогата на мајка: