На доделувањето на телевизиските награди „Бавта Вирџин“ во Лондон се појавија и многу познати парови.
Па така актерката Тенди Њутон и нејзиниот сопруг Ол Паркер беа еден од најелегантните парови на црвениот килим се додека не се појавија водителот и комичарот Деклан Донели и неговата сопруга Али Астол кои го украдоа шоуто. Имено, во центарот на вниманието беше трудничкиот стомак на агентката за таленти како и несекојдневната разлика во височина помеѓу сопружниците кои се во брак од 2015.
Од друга страна пак, публиката го коментираше и тоа што на настанот не се појави Ентони Мекпарлтлин, колегата на Деклан и дел од водителското комичарско дуо „Ant and Dec“ кој неодамна беше приведен од страна на полицијата поради пребрзо возење во пијана состојба.