Нова лимитирана колекција со фотографии на кои модната креаторка е во хартиено ќесе за шопинг.
За десетгодишнината од брендот Викторија креираше лимитирана колекција со маици на која се нејзините фотографии кои за оваа пригода ги снимаше Јурген Телер. Фотографиите се направени во Лондон, а за колекцијата се искористени три слики на Викторија кои потсетуваат на легендарната кампања за Марк Јакобс од 2008 година која исто така беше снимена со Телер.
Моментот кога излегува од кесите за шопинг на одреден начин го одбележа почетокот на модното патување на Викторија, затоа десет години подоцна излегува од кесиња на кои е името на нејзиниот бренд.
https://www.instagram.com/p/Bni7p8WFOW7/?taken-by=victoriabeckham
Кампањата го доби благословот од Марк Јакобс, а она што сака со неа да го порача е дека од 2008 година досега се ставила целосно на брендот Викторија Бекам.