Синовите копија на тато, а ќерката е цела на мама – ова се децата на градоначалникот на Куманово
Градоначалникот на Куманово сподели семејни фотографии со кои им ги стопи срцата на сите.

Убава причина за славење имаше во семејството на Максим Димитриевски.
На локалните избори во октомври 2017 година Максим Димитриевски стана градоначалник на Општина Куманово, а на локалните избори во 2021 беше реизбран за оваа функција.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Приватно Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
На неговите социјални мрежи, освен објави поврзани со професијата, Максим споделува и семејни фотографии.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Долги години успешно плови во брачните води со неговата сакана Надица, која е наставничка.
Плод на нивната љубов се нивните три прекрасни деца – Милан, Вероника и Димитар.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Неговото семејство е негова најголема поддршка, а тој секој слободен момент го користи да го помине со најблиските.
По повод 50 годишнината од брак на неговите родители, Димче и Маргица Димитриевски целото семејство се собра на едно место.
ФОТО: Фејсбук / Максим Димитриевски
Надица и Максим се трудат своите деца да ги аучат на вистинските морални и семејни вредности.
Тие се исклучително блиски со своите деца и обожаваат времето да го поминуваат со нив.
Момчињата се копија на тато, а Вероника е вистинска убавица на мама.