Селена Гомез во издание инспирирано од Меган Маркл, но за разлика од неа изгледаше прекрасно!
Меган Маркл VS Селена Гомез
Меган Маркл откако се омажи за принцот Хари за многу кратко време ја тргна од тронот војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и стана нова модна икона од британскиот кралски двор. Таа има беспрекорно чувство за мода и стил, а секоја нејзина комбинација се следи со посебно внимание како од јавноста така и од модните критичари. Но и покрај тоа што важи за дама која не може да погреши кога се модните комбинации во прашање, на венчавката на Силија Роуз Мекоркодејл, внуката на принцезата Дајана многумина разочара со фустанот од модната куќа „Oscar de la Renta“ што го носеше.
Имено, тогаш на многумина фустанот што го носеше војвотката им изгледаше како перде и го споредуваа со дезените на постелнините, а кројот дефинитивно НЕ ласкаше на нејзината кревка градба. Но за разлика од Меган пејачката која се прослави како тинејџ ѕвезда од филмовите на Дизни, 25 годишната Селена Гомез, на премиерата на анимираниот филм „Хотел Трансилванија 3 – празниците почнуваат“ се појави во слична варијанта и во споредба со поранешната актерка нејзиниот стајлинг беше полн погодок.
https://www.instagram.com/p/BkKHygmH6ed/?utm_source=ig_embed
Преубавата пејачка и актерка изгледаше магично во миди здолништето со А крој и краткиот горен дел со идентичен дезен, исто така со потписот на познатата модна куќа „ Oscar de la Renta“. Останатиот дел од комбинацијата го зачини со светкави сандали со потпетици украсени со кристали, со потписот на „Miu Miu“, чанта украсена со скапоцени каменчиња и луксузен накит од „Tiffany & Co.“.