Секогаш во топ – форма: Венко Филипче покажа како ја одржува линијата
Без оглед на обврските, секогаш се одвојува време за вежбање.
![](/wp-content/uploads/2024/04/filipce2.jpg)
Поранешниот министер покажа што е тајната за неговата линија.
Во јануари минатата година Венко Филипче ја напушти функцијата министер за здравство.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
Медицината е неговата најголема љубов и понатаму е посветен на оваа професија.
По професија е невроирург, а на должноста министер за здравство стапи во 2017 година.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
Некои го обожаваа и во него гледаа сигурност во најтешките моменти, но имаше и такви кои го осудуваа и постојано го обвинуваа за ситуацијата во земјата.
Тој беше министер за здравство во време кога освен Македонија, целиот свет се соочуваше со пандемијата Ковид 19 и министрите за здравство имаа огромна одговорност.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
Тој секојдневно одржуваше прес-конфереции за јавноста и информираше за бројот на заразени и мерките кои се преземаат.
Министерот го крие својот приватен живот како змија нозете.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
Во брак е со познатата психијатарка Ана Савеска Филипче.
Плод на нивната љубов е синот Иво.
И покрај многуте работни обврски Венко не пропушта ниту ден за вежбање.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
Тој е еден од малкуте политичари кај нас кои се грижат за физичкиот изглед.
На Фејсбук екс – министерот сподели фотографија од теретана – местото за кое нема одмор.