Северина наскоро треба да наполни 47, а на новите фотографии изгледа подобро од кога било досега
Северина почна да ги подгрева страстите на нејзините фанови пред да го објави својот нов албум.
Имено, нејзиниот најнов албум треба да биде објавен на 1 февруари оваа година, а пејачката, според своите стари добри обичаи, нејзините верни обожаватели преку социјалните мрежи ги подготвува со нови жешки фотографии на кои изгледа сензационално.
Северина објави фотографија на која позира во невообичаена црна јакна и градник, и очигледно е дека за потребите на новиот албум ја променила и својата фризура.
Фотографијата за само 10 минути собра повеќе од 5000 лајкови, а според коментарите нејзините обожаватели со нетрпение чекаат да се појават новите песни. Инаку, таа во април оваа година ќе наполни 47 години, и се уште важи за една од најпосакуваните дами од овие простори.