CelebrityНовости

Северина испрати порака до својот син: Не смеам како и другите мајки…

Advertisement

Хрватската пејачка објави емтивна објава на својт Инстаграм профил.

Advertisement

– Среќно на сите родители, се вооружуваме со многу трпеливост…Ние почнавме во 3 одделение! Не смеам да споделам фотографии, но можам неговиот цртеж, на кој сум многу горда. Среќно љубов мајкина, напиша Северина под објавата

Северина минатата година го изгуби старателството над синот Александар сега тој живее со својот татко во Белград.

Advertisement

Според одлуката на судот, Северина смее да го гледа 7-годишниот син двапати неделно, попладне, како и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

-Не знам што би ви кажала. Не го очекував ова бидејќи е направен преседан во постапката.“ – изјавила на телефон пејачката за Jutarnji.hr.

На Милан му сметаше животот кој го живееше неговиот син заедно со мајка му,па во медиумите изјави.

-Александар ќе продолжи да оди во училиште во Загреб, не кажувам во кое, бидејќи тоа е веќе навлегување во приватноста на малолетно дете“, изјавил тој, на што додал:

-Конечно ќе продолжи да оди во училиште, а не по концерти. Изгубил доста од наставата, па ќе мора да платам дополнителни часови за да надомести за изгубениот материјал.“

Милан Поповиќ купил нова куќа во која има соба за Александар, а своите професионални обврски ги организирал така што ќе може повеќе време да поминува со него и другите двајца синови од другиот брак.

„Нема да дозволам дадилки и баби и дедовци да се грижат за син ми, тоа треба да го прават родителите, изјави тогаш Поповиќ.

Северина на поранешниот сопруг Милан му плаќа 1.200 куни или 160 евра за издржување на нивното дете.

Северина и Милан некое време беа во брак, тогаш медиумите наголемо пишуваа колкава е нивната љубов, тие постојано беа во центарот на внимнието. Од таа љубов се роди и нивниот син Александар.

Погледнете како некогаш изгледаа среќни Милан И Северина:

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button