Се чувствувал отвфрлено: Момче високо 182 сантиметри откри како е да се живее во семејство каде сите се со џуџест раст

Момче кое е високо импресивни 182 сантиметри откри како е да се расте во семејство на родители и браќа и сестри, сите со џуџест раст.

Пит Монтцинго, од Лос Анџелес, Калифорнија, вели дека отсекогаш се чувствувал по малку отфрлен, поради неговата малку надпросечна висина.
Пит е израснат во семејство каде што сите членови се со џуџест раст и своето детство го поминал гледајќи ги неговите родители, Вики и Дарел, и браќата и сестрите, Џенифер и Ендру, како се малтретирани и фотографирани од другите луѓе.
Момчето високи 182 сантиметри понекогаш посакувал и тој да е „џуџе“ за да може да се чувствува помалку виновен што се вклопил во толпата.

Зборувајќи за „Тудеј“, Пит детализираше како е да се расте во семејство на луѓе со низок раст.
Тој објасни дека отсекогаш „мразел“ како луѓето гледаат на неговото семејство, додавајќи дека „секогаш бил подготвен да се бори со некого“.
Неговата мајка изјавила дека Пит постојано ѝ велел дека сака и тој да е џуџе.
Иако се вклопувал во општеството дома секогаш се чјвствувал поинаку.

И високиот раст на Пит предизвика тој и неговиот брат Ендру, кој е наставник во трето одделение од Јужна Каролина, да имаат затегнати односи додека растеле.
Ендрју, кој има ретка форма на џуџест раст, поминал многу денови во и надвор од болницата поради операции на ‘рбетот и проблеми со дишењето. Поради ова, Пит признал дека често бил љубоморен на вниманието што го добивал неговиот брат.
Слично на тоа, Ендру му љубоморел на Пит поради неговата висина, доброто здравје и способност полесно да спортува.

Кога семејството одело во забавнипаркови, на членовите на семејството кои имаат џуџест раст не им било дозволено да се качуваат на сѐ што имало таму поради нивната висина и Пит се чувствувал лошо кога бил сам.
Ендру и Пит се сега смирени и работат на својот ТикТок профил каде поделуваат содржина поврзана со луѓето со џуџест раст.
Нивната мајка изјави дека е прегорда на своите деца што се трудат да го прикажат на светот животот на луѓето со џуџест раст.
