Се појавија нови детали за разделбата на Вилијам и Кејт: „Кралицата Езилабетa се плашеше дека младиот принц ќе заврши како Чарлс”
Иако денес имаат хармоничен брак и три деца, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги полнеа страниците на сите британски таблоиди пред нивната свадба.
Британските новинари Кејт ја викаат Waity Katy (Кејт која очајно го чека прстенот),а секој ден имаше вести за нови девојки со кои младиот принц флертува додека Кејт не е со него.
Кејт и Вилијам раскинаа во 2007 година, бидејќи принцот не сакаше да се ожени и имаше обврски во армијата. Се чинеше дека меѓу нив е завршено, и кралското семејство се плашеше дека ќе повторат тоа што се случило кога принцот Чарлс и Камила се разделиле.
Чарлс и Камила раскинаа во 1973 година поради неговите обврски во Кралската морнарица, но исто така и поради фактот што Камила не била соодветна кралска невеста. По паузата со Чарлс таа се омажи, а во 1981 година Чарлс се ожени со Дајана, ќерка на грофот Спенсер и совршен кандидат за принцез. Сепак, тој и Камила никогаш не престанаа да гледаат.
Кралското семејство во 2007 година стравуваше дека истото ќе се случи со Кејт и Вилијам, а идната Војвотката контактираше со принцот Филип, кој и кажал да биде трпелива и дека Вилијам ќе ја побара за жена кога ќе дојде вистинскиот момент .