Се омажи најбогатата блогерка – за неа велат дека е повлијателна од Вог, а фотографиите од нејзианта венчаница го срушија Инстаграм
Познатата италијанска блогерка Кјара Ферањи минатиот викенд се омажи во гратчето Ното на Сицилија за познатиот италијански репер Федез.
Покрај семејството и голем број гости, на венчавката присуствуваше и нивниот шестмесечен син Лео. Кјара која Форбс ја смета за една од 30-те најбогати жени во бизнисот на возраст до 30 години, пленеше на венчавката, а за нејзината венчаница уште долго време ќе се зборува.
Имено, венчаницата специјално за неа ја дизајнираше креативната директорка на луксузната италијанска модна куќа Диор, Марија Грација Чиури. Горниот дел од фустанот направен е од тантела и има висока јака и ¾ ракави, а долниот дел е од слоевит тил и го краси долг шлеп.
https://www.instagram.com/p/BnMVJUNHHpX/
За Кјара велат дека е повлијателна и од Вог, модната библија на чија насловна се има појавено и тоа како првата модна блогерка што ја красела насловната на овој познат магазин. Досега има соработувано со бројни познати брендови, а нејзин моден идол и е Мирослава Дума.
https://www.instagram.com/p/BnLT0v9ntoq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Феноменот Кјара Ферањи го истражуваа и студентите на Хавард, а се наоѓа и на листата на Форбс со 30 најбогати луѓе помлади од 30 години.