Светлана Црнокрак откри кога и бил првиот бакнеж – таа е вистински пример за безвременска убавица, шарм без рок на траење!
Кога станува збор за безвременска убавина неколку дами во земјава важат за вистински пример.
Пример како треба да изгледа дама е токму и Светлана Црнокрак.
За неа се чини како времето да застанало, а годините и тоа како и годат. Од ден на ден е сè поубава.
Иако долго време ја немаше на социјалните мрежи, ниту пак на малите екрани, сега таа со уште неколку нејзини преубави колешки во улога на жири гостуваше во емисијата „Живот со стил“.
Во емисијата која секоја недела се емитува на Канал 5, двајца натпреварувачи треба да одберат модни парчиња за стајлинг, а подоцна жирито треба да го оцени тоа што го одбрале и нивното модно издание.
Домаќинката на емисијата Елена Стефановска на Инстаграм сподели фотографија со своите гостински, а тие којаод која поубави.
-Безвременска убавина и префинет стил, наскоро во Живот со стил моите гостинки се класичен пример за безвременска убавина.
Тања, Вера и Светле“, напиша таа.
Нема сомнеж дека таа е сосема во право!
Светлана неодамна направи и кратко видеоинтервју за „Црно-бело“ каде откри дека нејзина слаба страна е што е многу емотивна и брзо може да се расплаче.
Вели дека е опседната со чевли и никогаш не излегува од дома со добри и чисти чевли.
Таа откри дека и се има случено и лапсус во живо на вести, но вели дека било незабележано.
-Ми се случи да почнам да се смеам, да не можам да се воздржам среде вести, но сепак и тогаш ме забележаа само најблиските-вели Светле.
Таа откри и дека првиот бакнеж и бил на 13 години во основно училиште во нејзиниот роден град Гостивар.
Светлана на врвот од својата кариера како мисица и манекенка беше во 90-тите, но сè уште плени со својата убавина каде и да се појави. Тоа впрочем можеме да го забележиме и до нејзините фотографии на социјалните мрежи, но и од модните едиторијали на многу познати брендови во Македонија каде сè уште ја игра главната улога.