Сања со емотивни и досега невидени фотографии од бременоста го честиташе првиот роденден на својот син
Поранешната манекенка и мис на Македонија, Сања Николиќ која е во брак речиси седум години со раперот Марко Маринковиќ-Слаткар, минатата година се остварија и како родители и го добија својот син Моша и денес му е роденден.

Моша веќе порасна и денес полни една година, а Сања сподели фотографија од времето додека беше бремена, а Слаткар стои до неа и напиша:
„Ова сме ние. Април, 2020
Од кај ли да знаевме што ќе доживееме?!
Џабе кажувавте …“

На стори следеше уште една објава која е една од најемотивните и најубавите моменти за една мајка.
Имено Сања објави фотографија од неа во болница и Моша штотуку роден, а таа го бакнува во образот и го напиша времето и датумот на неговото раѓање.

На споделените фотографии се гледа дека таа била преслатка трудница!
Додека беше бремена Сања се држеше далеку од очите на јавноста и не споделуваше фотографии, но затоа сега го направи тоа и сподели неколку интимни моменти од тој период и со нив го честиташе роденденот на Моша.
Таа и покрај бременоста, се врати во форма и изгледа поубава од било кога!

И Слаткар во тоа време остана резервиран и не сакаше да зборува многу на таа тема. Иако видно возбуден во интервју за „Бекстејџ“ тој рече дека едвај чека да стане татко, но дека нема да направи мекици и ќе слави дома сам.
– Јас сум многу среќен, но не би сакал да правам многу муабет за тоа, но штом ќе се породи тогаш ќе може да зборуваме за тоа. Правењето мекици е жива глупост, луѓето трошат пари кога им се најпотребни, ќе честам ама не правам свадба“ рече тогаш Слаткар.

Тие својот син го добија на 15. април 2020 година, а веста ја соопшти Слаткар.„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ – напиша Слаткар на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува небвестата Сања во чело.

Слаткар не се штеди кога е во прашање Сања и често знае да ја искаже својата љубов кон неа, а откако го добија синот, тој ја пофали и дека одлично се снаоѓа и дека е најдобрата мајка на светот.

Пред да стапат во брак, Слаткар инспириран од љубовта кон Сања напиша и песна „Кажи да“ посветена на неговата љубена, а спотот беше снимен на нивната свадба.
Имено тие двајцата за прв танц ја одбраа толку оваа песна, а на свадбата присуствуваа еден куп познати личности, меѓу кои Панчо – ДНК со сопругата, преку Јован Јованов, Ферус, Тајзи, Влатко Лозаноски, Дадар, Роберт Билбилов, Ненад Георгиевски, Бубе, до Весна Бејби Петрушевска и многу други.

