Салма Хајек и на 51 години изгледа секси: се соблече во бикини и ги запали социјалните мрежи
Познатата мексиканска актерка Салма Хајек со право ја носи титулата за една од најубавите дами во Холивуд, а со последните фотографии од нејзиниот летен одмор што ги објави на Интраграм никого не остави рамнодушен.
Имено, таа со бројните обожаватели сподели фотографии и видеа на кои се гледа како ужива со својот сопруг, францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино кој е претседател на компанијата Керинг во чие сопствеништво се наоѓаат некои од најпознатите модни брендови.
Најголемо внимание познатата актерка привлече со фотографијата на која носи темносини бикини кои ги истакнаа нејзините раскошни облини.
https://www.instagram.com/p/BmTwS3bH5hM/
„Го сакам зборот облини. Рамната линија може да биде поприлично досадна. Но нема да ве лажам, би сакала таквата заоблена линија на некои места да е свртена навнатре, а на кон надворешноста“, изјави своевремено атрактивната бринета во интервју за познатиот магазин „The Edit“.