Наши ѕвезди

Ретко ги гледаме во медиумите – нашата позната пејачка покажа како изгледаат нејзината мајка и сестра

Advertisement

Пандемијата со коронавирусот има и една добра страна, а тоа е што натера многумина од нас да поминуваат повеќе време со своето семејство.

Advertisement

Една од најдобрите и најпозитивните пејачки во Македонија, Калиопи Букле е позната по својата позитивна енергија и по тоа дека е постојано насмеана, па не е ни чудно што во целиот хаос со пандемијата таа најде нешто позитивно во неа.

„Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој … Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето со својот младешки дух“, напиша поп дивата во описот на прекрасните семејни фотки.

Имено Калиопи на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои се гледа како во опуштена атмосфера ужива со својата мајка и сестра.

Advertisement
ФОТО: Калиопи/ Инстаграм

„Ти благодарам мамо што му пркосиш на времето и го чуваш младиот дух и го споделуваш со нас“, те сакам“ додаде Калиопи во објавата.

ФОТО: Калиопи/ Инстаграм

На фотографиите сите три се насмеани, па иако Калиопи не го експонира своето семејство во јавност овојпат направи исклучок и предизвика позитивни реакции кај своите фанови.

ФОТО: Калиопи/ Инстаграм
ФОТО: Калиопи/ Инстаграм

Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Може да се пофали со голем број на хитови, многу концерти со преполни сали и настапи на врвни фестивали.

ФОТО: Калиопи/ Инстаграм

Калиопи зад себе има два брака, две големи љубови! Од романсата со композиторот Ромео Грил Калиопи го доби најголемиот дар во својот живот, синот Пако.

Пако денес има 30 години и живее во Швајцарија.

По него долги години беше во брак со актерот Васил Зафирчев. Важеа за најскладен пар на македонската сцена, а на нивната љубов многумина завидуваа. Но, на изненадување на многумина и тие се разделија. Сепак и после бракот останаа блиски пријатели, па често се гледаат. Васил ја изненади Калиопи и за нејзиниот роденден годинава.

Неодамна на Инстаграм сподели и видео на кое се гледа дека таа и Васил заедно пешачат на Кејот на реката Вардар, во Скопје.

ФОТО: Калиопи/ Инстаграм

„Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, напиша Калиопи во опис на видеото.

Оние кои ја познаваат и лично пејачката за неа имаат да кажат само пофални зборови. Позната е и по многуте хуманитарни гестови кои ги има направено, па токму така ѝ стана и поблиска на публиката.

Затоа не чуди и фактот што Милица Тодоровиќ неодамна ја изненади Калиопи и одлучи да дојде во Скопје,. Тие двете се одлични пријателки, па затоа Милица која е позната по својот темперамент и шеговитост се одлучи за необично изненадување за Калиопи. Таа дојде под балконот на пејачката и ѝ запеа.

Калиопи воодушевена од потегот, објави видео и фотографии од нив две на својот Инстаграм профил.

„Знаете дека секогаш го споделувам со вас малото слатко ’лудило‘ од мојот свет … Но таа е и повеќе од тоа. Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување. Тивко, без мое знаење, дојде во градот и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која ја сакам многу и која го симболизира нашето пријателство.

Каква радост, каков благослов. Те сакам девојко! Ти си уникатна, убава и си подарок за овој свет. Толку сум горда на тебе“, напиша Калиопи на Инстаграм.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

 

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button