Револуцуонерен пронајдок што може да спаси многу животи – италијански инженери од маски за нуркање прават респиратори
Италијанските инженери со 3Д принтери прават респиратори
Италија овие денови се соочува со најголемата криза во својата понова историја. Посебен проблем е преоптоварувањето на тамошните болници и недостатокот на соодветна опрема за третман на пациентите, вклучително и респиратори. Поради ваквата ситуација, некои креативни умови дошле до генијална идеја од маски за нуркање да прават респиратори!
Имено, креативните италијански инженери наидоа на генијално решение – да ја трансформираат модерната нуркачка маска која беше хит на плажите последниве години, во функционални болнички респиратори кои ќе им помогнат на пациентите заболени со коронавирус. И сето тоа со помош на 3Д технологија за печатење.
Погледнете како изгледа овој револуционерен изум кој може да спаси многу животи.