Вирално

Приказната која топли срца низ светот: Бездомник завршил во болница, неговите кучиња верно го чекале пред врата

Advertisement

Не залудно се вели дека кучињата се најдобрите пријатели на човекот и дека тие никогаш не ги забораваат своите сопственици.

Advertisement

Доказ за тоа е приказната за бездомник и неговите 4 крзнени миленици која деновиве го обиколува светот.

Имено, додека мажот по име Цезар кој бил лекуван во болница, на вратата лојално го чекале неговите кучиња.

Случката ја раскажала на Facebook една од медицинските сестри во за да покаже дека некои личности се сиромашни со пари, но се богати со пријатели. Сестрата Крис Мамприм споделила дека Цезар одлично се грижел за кучињата и дека се случувало тој да гладува за да ги нахрани нив.
Денес наидов на оваа глетка.

Advertisement

Во болницата каде што работам, во 3 часот наутро, додека се лекуваше нивниот сопственик (кој живее на улица), неговите пријатели чекаа на вратата. Една обична личност, која не живее во луксуз, која зависи од туѓата помош за да се избори со гладот, студот, болката и злото на светот, покрај себе ја има најдобрата дружина на светот. И приврзаноста е заемна.

Размена на љубов, наклонетост, топлина и разбирање. Овој човек ни призна дека понекогаш гладува за да ги нахрани нив.

Не знам каков е неговиот живот, ниту пак зошто е на улица, но им се восхитувам на почитта и љубовта која ја има за неговите мали животни. Кога сите би биле вакви… Ако немаше зло и малтретирање…

„Сите тие се добро гледани и буцкасти. Тоа што ги гледав како чекаат на вратата, само ми покажа колку многу се гледани и сакани“ – рекла подоцна Крис.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button