Преубави вести од домот на ќерката на претседателот Борис Трајковски – пристигнуваа честитки од сите страни, таа беше пресреќна!
Ќерката на покојниот претседател на Македонија, Броси Трајковски имаше голема причина за славење.
Трајковски беше вториот претседател на Македонија. Роден е на 25 јуни 1956 година во Струмица.
За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.
Трајковски го изгуби својот живот на 26 февруари 2004 година во авионска нecpеќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар.
По речиси дводневната неизвесна истрага, излезе траорната вест дека „Нема пpеживеани во авионската несpеќа“.
Цела земја тагуваше, но загубата на претседателот најтешко му падна на неговото семејство.
По загубата на неговиот живот, во голема тага останаа неговата сопруга Вилма и нивните тогаш малолетни деца, Сара и Стефан.
Вилма и децата засекогаш се повлекоа од очите на јавноста и никогаш не го користеле својот статус за себеекспонирање.
Она што јавноста може да го дознае за нив е само преку социјалните мрежи.
Сара не е мноу активна на Фејсбук, но понекогаш знае да сподели по некоја фотографија.
Таа живее во Њујорк каде студираше на еден од најпрестижните Универзитети.
Нејзиниот татко дефинитивно би бил горд на неа и нејзините успеси.
Она што може да се забележи од фотографиите е тоа дека Сара неверојатно многу потсетува на нејзината мајка. Се чини дека убавината ја наследила од неа, но отменоста, умереноста, силниот карактер ѝ борбеноста ѝ се наследени од нејзиниот татко.
Деновиве Сара имаше убава причина за славење.
Имено, таа го прослави својот 33 роденден.
На Фејсбук објави фотографија заедно со пријателите, на која позираат покрај нејзината роденденска торта.
„Ви благодарам на сите за роденденските честитки“, стои во опис на фотографијата.
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска
Фото: Фејсбук / Сара Трајковска